25 ГОДИНИ ОД THE CHRONIC

25 ГОДИНИ ОД THE CHRONIC


На 15.12.1992 , Death Row Records го објавува деби-албумот на Dr.Dre „The Chronic“.

Констелацијата на нештата пред и при процесот на рекордирањето на проектот била исклучително хаотична , бурна и комплицирана.
Случајот со Rodney King , немирите во LA , правните конфликти на интереси со Eazy-E , Jerry Heller & Ruthless Records , експанзијата на канабисот како супституција за крекот во раните 90-ти итн. биле составни компоненти коишто го формулирале крајниот исход (албумот).

Dr.Dre , несомнено бил еден од главните виновници за енормниот сукцес на финалниот албум на N.W.A. – „ЕFIL4ZAGGIN” , инвестирал време , посветеност , креативност со интенција да постигне перфекција , особено поради тоа што почувствувал предизвик од страна на Ice Cube , којшто во дадениот период на дефицит на медиуми го експлоатирал стекнатиот успех на N.W.A. (слушателите надвор од Калифорнија не правеле дистинкција помеѓу фракцијата Lench Mob којашто Cube ја оформил дезертирајќи го матичниот состав , при што O’Shea Jackson профитирал) , за потоа групата да се распадне токму во мигот кога го доживеала врвот.

Ruthless Records групата Above The Law токму во овој период доаѓа до експресија , чијшто продуцент , Cold 187um Killa додава P-Funk примеси во звукот на N.W.A. ; К.М.G. , K-Oss & Kokane го менуваат курсот од Public Enemy тип на теми со експлицитна лирика на сосема нов и оригинален крајно уличен концепт , карактеристичен за околијата на LA .
The D.O.C. и МC Ren традиционално се погрижиле за версовите да бидат перфектно напишани.

Зошто горенаведениве објективни нешта беа нотирани? За да Ви послужат како увертира во коректно анализирање на раѓањето на тогашниот нов рап жанр , G-Funk-от , правец којшто бил инфлуентен низ 90-те па и денес.

Корелацијата со Тhe Chronic албумот лежи во тоа што , Dr.Dre пред да дезертира заедно со The D.O.C. со себе понел скапоцени фанк идеи како и многубројни солидни артисти.
Кооперирајќи со Cold 187um Killa од Аbove The Law преслушал секвенци од нивниот албум „Black Mafia Life“ којшто бил објавен дури 2 години подоцна (всушност бил финиширан истовремено со EFIL4ZAGGIN во 1991) , а се окарактеризира како оригиналниот „Тhe Chronic” поради тоа што речиси сите семплови и концепти завршиле на проектот на Dr.Dre.

Но , во пролетта 1991, не било се така блескаво и сјајно што се однесува до кариерата на Dr.Dre  , бил ескивиран од аудио-дистрибутивните центри , многумина доживеале сатисфакција од падот на N.W.A. , други го перцепирале со скептицизам и недоверба , додека пак трети во него предаторски гледале жртва за експлоатација.

Dr.Dre & The D.O.C. како млади и неискусни што се однесува до музичкиот бизнис биле изманипулирани и изложени на животни стилови коишто никогаш не ги практикувале порано , нешто коешто набрзо го имале увидено особено поради фактот дека многу им било ветено, а уште помалку нешто добиле , но било доцна и ризично да се реагира и опонира , особено кога Sugе Knight бил во прашање ,но би Ве заштедил од крими-правниот бекграунд на Death Row и почетоците , на таа тема детално и објективно би пишувал во блиска иднина...
 

THE CHRONIC колективот сочинет од The D.O.C , Snoop Doggy Dogg , Kurupt , Dat Nigga Daz , Lady Of Rage , RBX , Warren G , Jewell & се рaзбира Dr.Dre вложиле енормен труд и креативност за да произлезе таков, дотогаш нечуен masterpiece којшто го зацврстил уште повеќе курсот поставен со албумот EFIL4ZAGGIN , инфлуенца којашто и денес се чувствува.


Недоволно информираните слушатели и студенти на рап музиката од најразлични аспекти , The Chronic го нотираат како првиот G-Funk aлбум додека Dr.Dre како иноватор и оригинатор на истиот , не знаејќи дека всушност автентичните архитекти се Cold 187um Killa & Kokane коишто експериментирале сo Funkadelic / George Clinton звуците , а притоа ги менторирале Snoop Dogg , Warren G & Nate Dogg години пред Death Row да се оформи.


За да биде контроверзијата уште повеќе мултидимензионална , пред Dr.Dre да го наслови својот проект The Chronic , рап артист од Inglewood , LA , MC Loon-E-Tune веќе имал издадено албум CHRONIC во соработка со DJ Battery Brain.

Но , како и да било , сепак квалитетот и легендарноста на Тhe Chronic се неспорни.

инспирацијата за „LET ME RIDE“:

првиот CHRONIC албум :