РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА (СТРУМИЦА) - ЕПИЗОДИ 01 / 02 И 03 !

РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА (СТРУМИЦА) - ЕПИЗОДИ 01 / 02 И 03 !


На 07ми Октомври 2017та година,  пред Домот на Културата на плоштадот во Струмица, се одржа шестиот по ред евент (воедно и полуфиналето) од бетл рап лигата наречена Рап Скилз Македонија.

На настанот се снимија три епизоди, и една во Скопје, недела дена порано од причина што истата не можеше да се одржи во Струмица. Низ целиот настан, ди-џеи беа Дј Попај и Марко Ортографија, а судии низ бетл натпреварите беа Бренсис, Даре ДТ и Маро од Зад Аголот, Скилот, Алфа, Марвел и Слика.

Проверете ги првите три епизоди од овој серијал на линковите под текстот.  Ви ги презентираме битките на Хајпер vs. Ноце, Крајм vs. Лукс Кмала и Кољо vs ТриМ.

Плус бонус видеа, најавата за финалето и интервјуа со натпреварувачите после битките.