MAYDAY 2 - РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА ФИНАЛЕ !

MAYDAY 2 - РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА ФИНАЛЕ !


Овој викенд, недела 24-ти Декември во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи финалето на првата сезона од Македонската бетл рап лига која се одржуваше низ повеќе градови изминатава година - Рап Скилз Македонија.

Под името Mayday 2 седмиот по ред настан ќе биде завршница на проектот со кој се воздигна и бетл рап форматот во хип-хоп културата, на кој честа први финалисти да бидат ќе им припадне на бетлеритe Lux Kmala  и  ТриМ. Покрај финалето на MAYDAY2 ќе се одржат уште 4 други битки кој ќе бидат од промо карактер како и оние на претходниот MAYDAY настан од пред неколку месеци во клубот Хавана, Скопје.

Картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари и истите можете да ги набавите на касата во МКЦ или на врата на настанот. Почетокот на настанот е од 19:00 часот во Недела , 24ти Декември.

Организатори на настанот се: Јордан Иванов (Спит), Владислав Гавриловски (Влади Ортографија) и Кискинов. Водител на настанот ќе биде Небојша Милосављевиќ (Небо), а официјални ди-џеи кои ќе бидат цела вечер зад грамофоните - Марко Ортографија и ДЈ Попај кој низ целиот настан ќе вртат стриктно македонска рап музика, со што ќе се оддаде почит на македонската хип хоп култура и македонската рап музика низ годините од нејзиното постоење.

Не пропуштајте, и проследете го бетл рап настанот на годината во Македонија. Во прилог погледнете го и трејлерот за настанот, неколкуте видеа - најави за битките кој се објавени на Rap Skilz Makedonija youtube каналот.